Интернет продавницата msmedija.mk во согласност со прописите за заштита на личните податоци на нашите купувачи ќе Ви појасниме како и на кој начин располагаме со истите.

Доколку се регистрирате и ги внесете Вашите податоци преку формата за регистрација, истите исклучиво ќе се користат за достава на производот, реализација на плаќањето како и рекламирање на нашите производи и услуги. Податоците се чуваат  согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и не се одстапуваат или изнајмуваат на трети лица. Од податоци кој што ни се потребни при регистрација или нарачка се следниве: Име и Презиме, адреса за испорака на производите, телефон за контакт и mail адреса.

Во секое време може да извршите промена и ажурирање на податоците.

Информациите од трансакциски сметки, број на картички и слично не чуваме односно немаме пристап до истите затоа што плаќањето се врши исклучиво преку порталот за наплата на ХалкБанка која користи заштита на податоците и сите плаќања се преку сигурна конекција со банката.

Доколку оставате коментар на одреден производ треба да знаете дека податоците оставени таму се јавни и можат да бидат прочитани од други, за тие податоци оставени на тој начин не одговараме за приватноста на истите.

Лица под 18 години не смеат да даваат лични податоци без одобрение на родител или старател.

Се грижиме за нашите потрошувачи и затоа ги превземаме сите заштитни мерки за Заштита на личните податоци со цел да се избегне ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Можете да најдете реклами или други содржини на страната кои водат кон други веб страни на нашите партнери, фирми кој што се рекламираат кај нас или наши спонзори, и останати. Содржината и линковите кој што се присутни на тие страни ние не ги контролираме и не превземаме одговорност за истите. Рекламите може постојано да се менуваат.

Со користење на оваа страна, корисникот се согласува со одредбите од Политиката за приватност на личните податоци. Доколку не се согласувате Ве молиме да не ја користите страната.

Политиката на приватност стапува на сила од 01.10.2017година. Доколку има промени во политиката на приватност истите ќе бидат јавно објавени на msmedija.mk најмалку 5 дена пред да стапат во сила.